Трагедијатас е случила само 45 минути по полетувањето , кога девојчето се онесвестило . Се додека авионот принудно не слетал во Кувајт , екипажот се обидувал да го врати во живот , но девојчето починало . Трагичниот настан се случил вчера во авионот на компанијата Емиратес , каде имало 336 патници . Веднаш по слетувањето во Кувајт , пристигнало возило на Итната медицинска помош , но предоцна .

Патниците сведочат дека девојчето имало висока температура . Девојчето било од Тајван и патувало со нејзините мајка , баба , брат и сестра .

Авионот , по неколку часа полетал од Кувајт и безбедно пристигнал во Минхен .

Од компанијата Емиратес изразуваат сочуство за девојчето и велат дека , иако авионот принудно слетал поради итен медицински случај , докторот само констатирал смрт .

Датум на објава: среда, 11 октомври 2017 во 16:16
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар