Доколку вчера објавил независност на Каталонија , тоа е прв чекор кон активирање на членот 155 од Уставот на Шпанија , кој му дава право на Рахој да ја укине независноста на ова покраина и да биде назначена власт од Мадрид .

За Рахој ова е неопходно со цел да ги преземе натамошните мерки кон Каталонија. Вчера Пучдемон ја потпиша декларацијата за независност , но не побара нејзина инплементација со цел да почнат преговори со Шпанската влада.

Затоа денеска Рахој го обвини каталонскиот лидер за намерно внесување забуна .

,Треба да се врати мирот во Каталонија , безбедноста и тоа што е можно побргу “ , порача Шпанскиот премиер .

Датум на објава: среда, 11 октомври 2017 во 12:57
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар