Последните истражувања покажуваат дека 124 милиони девојчиња и момчиња се предебели . Истражувањето е направено во 200 држави во целиот свет . Во Велика Британија , едно од десет деца на возраст од 5 до 19 години , е предебел . На картата на светот на која се прикажани овие загрижувачки податоци , во Македонија бројот на предебели момчиња е поголем отколку на девојчињата , а земјата е во категоријата земји обележани со побледа црвена боја , односно земја во која секое трето до петто дете е предебело . Ваквата појава е особено згрижувачка , зашто од предебели деца , понатаму растат во предебели возрасни , подложни на разни видови здравствени нарушувања .

Се претпоставува дека од 2025 година секоја наредна ќе бидат потрошени над 920 милијарди фунти за лекување на болестите чија причина е преголемата тежина .

Според научниците , една од главните причини за прекумерната тежина , освен физичката неактивност , е и пристапот до евтина неквалитетна храна . Наглиотѕ скок на бројот на предебели деца е забележан во Источна Азија , односно Кина и Индија .

Од друга страна , бројот на потхранети деца е намален во однос на последните истражувања во 2000 година .

Минатата , 192 милиони деца и млади биле потхранети , во однос на 200 милиони пред 16 години . Нивниот број е најголем во АЗИЈА , Јужна Америка и Африка , со тоа што тежината на сегашните слаби деца е поголема отколку пред десет години .

Од Светската здравствена организација бараат државите итно да воведат мерки за спречување на прекумерната тежина , но засега само 20 држави вовеле данок на зашеќерени пијалоци .

Датум на објава: среда, 11 октомври 2017 во 10:40
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар