Според намибискиот министер Шифета бројот на угинати нилски коњи можеби е и поголем, бидејќи можеби и крокодилите изеле неколку мртви нилски коњи.

Фотографиите од националниот парк Бвабвата покажуваат десетици мртви нилски коњи.

Министерството за животна средина на Намибија е загрижено ако продолжи поморот на нилски коњи  во резерватот кој е еден од главните туристички атракции на земјата.

Антраксот инаку е заразна болест кој ги напаѓа луѓето и животните. Болеста на човекот обично му ја пренесува заболено и инфицирано животно или контаминирани животинки производи.

Инаку во Намибија живеат околу 1300 нилски коњи.

Датум на објава: вторник, 10 октомври 2017 во 12:44
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 13:22

коментари

остави коментар