На рачно изработената постелнина за кревет отпечатена е новинска фотографија на која Путин и Берлускони срдечно се ракуваат, а во позадината се прикажани највпечатливите туристички атракции на Италија и Русија.

Берлускони уште во саботата допатува во Русија за да му го врачи на Путин специјалниот роденденски подарок.

Инаку, Путин и Берлускони ги поврзува долгогодишно пријателство, првата средба ја имале на Самитот Г8 во далечната 2001 година во Женева и оттогаш имале многу средби на различни настани. 

Датум на објава: вторник, 10 октомври 2017 во 09:59
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар