„БуззНет“ објави дека поп дивата ја победила индиската убавица Пријанка Чопра и го освоила  првото место на изборот за најубава жена на светот.

Атрактивната Бијонсе која неодамна повторно стана мајка, значи по породилното отсуство на сцената ќе се врати побогата за  уште една титула. 
За сексапилната поп дива секако ова не е првото вакво признание, во 2012 година магазинот „Пипл“  ја прогласи исто така за најубава жена на планетата.

Гордата мама Бијонсе не го криела воодушевувањето за ласкавата титула и за американските медиуми изјавила дека  е среќна поради изборот но и дека сепак „децата се сржта на нејзиното постоење“. 

Датум на објава: вторник, 10 октомври 2017 во 09:37
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар