Сестрите се на возраст од 4 , 8 и 20 години , а тројното убиство се случило во мај годинава . Полицијата трагаше по сторителите , кои гио запалиле кампер возилото на семејството Халиловиќ , паркирано во близина на Рим . По меѓународна потерница , се пронајдени браќата Сеферовиќ , кои го запалиле кампер возилото .
Според полицијата на Бања Лука , семејствата имале од порано нерасчистени сметки . Семејството Халиловиќ брои 13 члена од кои 11 деца.

Таткото Роман успел да ги спаси другите осум , но за трите ќерки немало спас . Кампер возилото било паркирано на паркингот на трговскиот центар ,,Ченточеле” во предградие на Рим. Браќата фрлиле Молотов коктел врз возилото , кое веднаш пламнало , откако таткото добивал смртни закани од семејството Сеферевиќ .

Тогаш тројното убиство го осуди и градоначалникот на Рим , како и Италијанскиот претседател Матарела и тогашниот премиер Ренци .  

Датум на објава: понеделник, 09 октомври 2017 во 15:10
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар