Момчето кое стана икона на револуционерното движење подоцна беше претворено во лик испринтан на пакло цигари и маички.

Џеј Кантор автор на „Смртта на Че Гевара“, процесот на комодификација (претворање во стока за широка потрошувачка) на марксистичкиот револуционер го опишува како една од најголемите иронии врзани за герилскиот водач.

„Можете да купите маички со Че на нив. Веројатно постои и колонска вода Че. Запрепастувачко е кооптирањето на секој вид побуна со таа комодификација. Единствен начин за надминување на тој процес е памтењето за што навистина се бореше тој“, вели Кантор за „РТ“.

Улогата на Ернест Гевара, или попознат како Че, како што го нарекоа неговите другари, во отфрлањето на диктатурата на генералот Батиста на Куба во 1959 година, му донесе светска слава.

Меѓутоа, неговиот пропуст да го повтори тој успех во Боливија го зацврсти неговото место во историјата како левичарски маченик.

Последните месеци од животот во 1966 и 1967 година во дневникот се опишани како денови на бунтовничка сила, а неговата војска како „непобедливи суперлуѓе“. Меѓутоа, со време се сведочеше како таа запаѓа во се подлабока криза.

По повеќенеделното копање пештери во ридовите меѓу Сурц и Валегранде во Болиција, Гевара даде воени задачи на својата герила. Тој порано стигна во земјата преправен како бизнисменот Адолф Гонзалес и беше подготвен својот вид револуција да ја доведе во Јужна Америка, каде веќе беше трн во око на неколонијалните непријатели.

Сепак, имаше само 12 свои луѓе во групата.

Беше 12 декември 1966 година, а за помалку од година потоа Че беше мртов. Го заробија боливиските сили под контрола на САД во импровизирана ќелија во училиштето во селото Ла Игуера, и го погубија.

Кантор поминал 15 години во истражување на животот на Гевара и смета дека тој е комплексна историска личност која била способна за големо сочувство, но и студено насилство.

Тој дуалитет најдобро се покажал во делот ликвидацијата на неговите предавници, додека истовремено немал срце да ги нападне непријателските војници на спиење.

Гевара порачуваше дека за револуција потребна е голема љубов, а исто така „треба да се биде студена, селективна и насилна машина за убивање“.

„Верувам дека тие аспекти го чинеа неговиот карактер. Се чини дека истовремено имал многу хуман инстинкт, но и дека бил способен за насилство. Еднаш кога прибегнал кон насилство, тој хуман инстинкт се исклучил и тој станал онаков каков што мислел дека историјата од него бара. Секогаш е опасно кога луѓето велат дека се однесуваат како што од нив бара историјата“, вели авторот.

Датум на објава: понеделник, 09 октомври 2017 во 14:00
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар