Оброците за сите се планирани, па така еднаш неделно предлог менито се праќа кај кралицата, а таа го одобрува или прави измени.

Таа е голем љубител на темно чоколадо, а со оглед на тоа дека не го поднесува мирисот на лукот ја забрани неговата употреба во палатата.

Освен тоа, кралицата Елизабета ја надгледува подготовката на храната за секоја пригода, а на менито најмногу сака да види храна која се одгледува на имотот.

Кралицата Елизабета ретко јаде во ресторани, а интересно е што секогаш доцни на вечерите.

„Ако вечерата треба да е во 20 часот, на сите други им велевме дека вечерата е во 20.15 часот затоа што кралицата Елизабета секогаш доцнеше“, вели Мекгрејди.

За време на вечерата сите мора да се формално облечени, а сите сопираат со јадење, кога кралицата престанува да јаде.

Принцот Филип сакал скара и понекогаш го менувал своето јадење со јадењето од послугата, а принцовите Хари и Вилијам најмногу сакале брза храна.

Принцезата Дајана често го откажувала ручекот во палатата и ги водела принцовите во Мекдоналдс.

Од друга страна, принцезата Дајана била на строг режим на исхрана и не јадела црвено месо. Мекгрејди објасни дека во тој период никој не знаел дека Дајана има булимија.

„Дури која се соочи со својот проблем почна здраво да се храни. Сакаше јадења како полнети пиперки, домати и риба“, вели тој.

Мекгрејди во Бакингамската палата работеше 11 години пред да замине да готви за принцезата Дајана, а сега работи кетеринг.

Датум на објава: понеделник, 09 октомври 2017 во 13:50
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар