Пуштил долга коса и брада, носи сандали преку чорапи и бел појас. Ја основал Црквата на последниот тестамент. Поранешниот војник на Црвената армија кој тврди дека повторно се родил 1991 година (има 56 години), сега е духовен лидер со најмалку 5.000 лица кои го следат и живеат со него во селото Петропавловка.

sergej_torop_1

Се откажале од своите животи за да го следат, вегани се и забрането е пушењето цигари, консумирање алкохол и пари. Околу 300 од нив живеат во дрвени колиби во селото.

Илјадници се доселиле во близина на ова место да за да бидат поблиску до месијата. Знакот за молитва го дава големото ѕвоно кое ѕвони три пати дневно, а верници клекнуваат на колена и се молат.

Сергеј деновите ги поминува сликајќи во планинската колиба во која живее во жената и шесте деца, од кои едно е посвоено.

„Имаме училиште за девојки каде ги спремаме да бидат идни сопруги достојни за нивните мажи. Мораат да сфатат дека не смеат да се издигаат над мажот и да не бидат горди на својата независност туку да биде срамежлива, незабележлива и слаба“ – изјави еден од членовите на култот.

Откако поминал време во војска, Сергеј работел како сообраќаен полицаец во ноќни смени. Како што изјавува, нешто се пробудило во него и знаел дека е реинкарнација на Христос. Истакнал дека Бог го испратил на земјата за да го научи човештвото за злото од војните и хаосот кои го правиме на околината.

Времето во оваа црква се мери според неговите години, па така сега живеат во 57 година. Во текот на последните години патувал низ Франција, Италија и Холандија за да придобие нови следбеници.

Датум на објава: понеделник, 09 октомври 2017 во 11:49
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 11:49

коментари

остави коментар