Реткиот квалитет на новооткриениот розов дијамант зборува за тоа дека тој ќе достигне екстремно висока цена на пазаров во иднина.

Рудниците „Алроса“ во Русија се најголемите рудници за  розови дијаманти на светот.

Небрусениот розов дијамант е најскапаниот досега ископан и откриен во рудниците „Алроса“, и само овој податок го прави посебен новооткриениот дијамант.
Димензиите на новиот дијамант се„ 22,47 mm x 15,69 mm x 10,9 mm“, а неговата тежина изнесува 27,85 карати.

Обоените дијаманти со тежина поголема од 10 карати се многу ретки , а што се однесува до розовите дијаманти најголемиот досега ископан во руските рудници имал тежина од 3,86 карати. Секако ваквите дијаманти се продаваат и по екстремни цени.

На пример аукциската куќа Кристи дијамантот „Oppenheimer Blue" од 14,64 карати го продаде за 58 милиони долари, дијамантот „ Pink Star",од 59,6 карати достигна цена од 71 милион долари. 

Датум на објава: недела, 08 октомври 2017 во 14:33
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар