Малиот Исмаил е пример за сите. Роден е без горните екстремитети, но тоа не го спречи да освојува медали во пливање. Со голема поддршка од родителите шестгодишниот Исмаил успеал во својата намера да научи да плива. Веќе стана и натпреварувач и тоа еден од најдобрите.

За разлика од своите врсници Исмаил своите успеси ги ниже на многу потежок начин, тој сите активности ги извршува само со нозе, сосема сам.

На деветтото регионално првенство на Хрватска во пливање за лица со инвалидитет пролетва Исмаил го преплива олимпискиот базен долг 50 метри во грбно и успеа да победи. 

Датум на објава: недела, 08 октомври 2017 во 11:21
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 14:33

коментари

остави коментар