На ова деветмесечно бебе од Неготино неодамна му е дијагностициран дефект на десната страна на мозокот што предизвикува повеќекратни грчеви кои секој ден се влошуваат.

Семејството во моментов е во клиника во Есен, бидејќи само германските лекари им дале надеж за спас на нивното дете.

Само двонеделните анализи чинат 11 000 евра, а допрва треба да се утврди дали ќе биде потребна операција или лекувањето ќе оди со соодветна терапија.

Николија е долгоочекувано дете на нејзините родители Трајче и Наташа. После 2 вонматерични бремености, еден спонтан аборутс и две неуспешни ин витро оплодувања, Наташа останала бремена со близнаци. За жал едното од бебињата не преживеало.

Семејството Динови во солзи велат, ќе направат се за да ја спасат малечката Николија.

Таткото на Николија е бескрајно благодарен за секоја донација која досега пристигнала,  но вели борбата продолжува.

Динови се надеваат дека хуманите луѓе ќе им помогнат за да ги соберат сите потребни средства за лекувањето на нивното дете , преку отворената жиро сметка и телефонскиот број за донации.

Жиро сметка – Стопанска банка:

200001907750984 – Трајче Динов

Број за донации : ВИП 143 - 461


Датум на објава: сабота, 07 октомври 2017 во 17:03
Ана Милевска Ѓеоргиева
Обновено во: 11:22

коментари

остави коментар