За Канал 5 истакна дека досега не стигнала ниту информација за наводно изнесување на службени документи надвор од Кривичниот суд.. Тој и покрај објавените информации за приговори од судии за злоупотреба на компјутерските системи, вели дека  до него не стигнала ниту една  пријава за ваков случај.

Пред два дена обвинителките од СЈО со полициска придружба влегоа во канцеларијата и во домот на екс претседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски. Обвинителката Јанева истакна дека се работи за пред истражна постапка и дека запленетите докази дополнително ќе се анализираат. 
Јанева не сакаше да ги коментира шпекулациите дека Панчевски, му давал на претседателот Ѓорге Иванов тајни податоци од судот, кои тој подоцна ги користел за да ги аболицира обвинетите.

И членови на комисија на Министерството за правда пред два дена извршија ревизија на системот за распределба на предмети во Кривичен. Претседателот на комисијата Лазар Нанев, истакна дека вчера завршиле поголем дел од работата, но дека се потребни уште некои информации за да се заврши конечниот извештај..

Во СЈО постои сомнеж дека Панчевски и неговите соработници давале службени тајни на лица кои не вработени во судот.

Датум на објава: сабота, 07 октомври 2017 во 15:12
Михаела Димовска
Обновено во: 16:26

коментари

остави коментар