Адвокатите на 60-годишниот Хоаким Гузман или популарниот Ел чапо, изјавиле дека нивниот клиент сака да го посети „религиозна личност која го зборува неговиот јазик“.

Ел Чапо веќе и добил список  на црковни лица за да може да одбере со кого од нив би разговарал, а веќе му е нарачана и Библија.
Инаку , големиот нарко бос во моментов издржува казна затвор во Метрополитан затворот на Менхетн. Неговите адвокати со месеци се жалат на условите  во кој престојува Ел Чапо.

Според нив , Ел чапо бил изолиран веќе 9 месеци, и неговата сопруга не можела да го посетува. Единствена која имала кратка средба со нарко босот била неговата сестра, но сега и нејзината виза веќе била поништена.

Надлежните пак од затворот велат дека на затвореникот му се дозволени повици кон блиски членови на семејството  чии броеви ги имаат . Но, Гризман бил тој што одбил да им даде листа на блиски личности со кои сака да комуницира. Месечно Ел Чапо според нив имал два разговори од по 15 минути или еден разговор од 30 минути. 

Датум на објава: сабота, 07 октомври 2017 во 13:19
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 09:53

коментари

остави коментар