За враќањето на серијата пишува порталот Плусинфо .

Се случува ли промена на навиките кај гледачите визави турските серии?

Зачудувачки, но Канал 5 одговори позитивино на ова прашање. Велат, се случува „револуција“ поради емитување на бразилска ТВ серија „Совршена“ со Алесандра Амбросио, која се емитуваше од 25.09.2017 год во 23 часот.
По само 7 вечери емитување, поради лошата гледаност според пиплметрите на Нилсен , Канал 5 ТВ ја прекинала емисијата. Но потоа следувало изненадување, публиката буквално ги „нападнала“ со електронски писма, со пораки на Фејсбук и со коментари, кои барале и инсистирале истата да се врати на програмата.

Велат, ваква масовна реакција поради прекинување на некоја серија воопшто не им се случило со ниту една турска серија досега. Од Канал 5 велат дека најверојатно доаѓа до сериозно заситување од турските серии и од синхронизација на истите, па така оваа огромна популарност на бразилската серија „Совршена“, која патем се титлува, е крајно неочекувана.

Поради овие големи реакции, Канал 5 реши да ја врати серијата на својата програма, оваа сабота и недела со почеток од 21.30 часот, а од понеделник од 23 часот.

Датум на објава: петок, 06 октомври 2017 во 16:55
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 18:34

коментари

остави коментар