Турнирот  ќе се одржи од 08 до 14 октомври во Анталија, Турција. По историскиот резултат со освојувањето на шампионската титула минатата година, шаховскиот клуб „Алкалоид“ повторно има за цел освојување една од медалите.

Најсилен конкурент и рејтинг фаворит на турнирот е екипата на „Globus“ од која беше шампион 2015 година.

Составот на „Алкалоид“ е ист како претходната година, по двајца врвни велемајстори од Кина, Украина и Русија, заедно со двајцата најдобри македонски шахисти и е одраз на одличен тимски дух, играчи кои меѓусебно се почитуваат и соработуваат во интерес на постигнување најдобар резултат за клубот.

Датум на објава: петок, 06 октомври 2017 во 14:38
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 14:39

коментари

остави коментар