Актер за влакно спаси жива глава за време на акциска сцена од филм, откако група полицајци помислиле дека се работи за вооружен грабеж.

Еден од полицајците дури и истрелал куршум, но за среќа не го погодил актерот Џим Даф, кој со пластичен пиштол и маска на главата глумел сцена од грабеж на банка во Индијана.

Тој морал да легне на земја и да го фрли пиштолот, но како што вели самиот, најтешко му било да ги увери полицајците дека е актер, а не вооружен крадец.

Датум на објава: четврток, 05 октомври 2017 во 09:43
Гоце Герасимовски

коментари

остави коментар