Драматург на претставата е Катерина Момева, сценографијата е на Филип Коруновски, а автор на музиката е Сашко Костов. Во претставата настапуваат актерите Фаик Мефаилоски, Самоил Стојановски и Жарко Спасовски.

„Синиот портокал“ е драма за современата психијатрија, за застарените методи на лекување и беспомошноста на докторите да ги лекуваат своите пациенти без седативи.

Претставата досега беше изведена и во Центарот за култура во Радовиш, а настапи и на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, „Скопско лето“, Македонското културно лето во Албанија, како и Меѓународниот театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка./МИА

коментари

остави коментар