По црвениот тепих вечерва требаше да продефилираат ѕвездите Рајан Гослинг , Харисон Форд и многу други , но свеченоста е откажана поради безбедносни причини .

Поради трагедијата во Лас Вегас , каде беа застрелани 58 , а повредени над 520 лица, продуцентите на филмот, ‘Warnerr’, ‘Sony’ i ‘Alcon entertainment’ ја откажаа свеченоста .

,, Се придружуваме кон тагата , нашите мисли и молитви се упатени кон сите кои се погодени со оваа трагедија “ , се наведува во заедничкото соопштение.


Филмот Blade Runner 2049 е продолжение на научно- фантастичниот хит снимен пред 35 години , а критичарите кои имале можност да го видат велат дека е подобар од претходниот. 

Датум на објава: вторник, 03 октомври 2017 во 20:02
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар