Шпекулациите за нивниот брак , започнаа откако убавата Рози на социјалните мрежи се  пофали со скапоцен прстен.

Познатиот актер и убавата манекенка инаку се свршени од јануари 2016 година, пред три месеци станаа и родители на синот Џек оскар.
Џејсон Статон долго избегнуваше да застане на „лудиот камен“ , а според таблоидите сега конечно попуштил  и за бурмата на својата сакана Рози платил „само“ 300 000 евра.



Дали навистина Џејсон и Рози се венчале се уште не е познато, бидејќи ниту актерот ниту пак ангелот на „Викторија С.“ реагираа на овие шпекулации на таблоидите. 

Датум на објава: петок, 29 септември 2017 во 09:58
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар