Сопственикот на „Плејбој“ пред оваа драстично помлада сопруга имал два брака од кои има четири деца, кои ќе го наследат.

Интересно е што пред бракот Кристал потпишала предбрачен договор според кој, како што пишуваат медиумите, ќе биде згрижена.

Foto: Getty

Сепак, таа не е дел од тестаментот на Хефнер, по негова желба.

Интересно е и тоа дека неговата сопруга не го нашла без свест, туку неговиот син.

Инаку, бракот на Хефнер и Кристал крена многу прашина во медиумите и јавноста. Во моментот кога се венчаа во 2012 година, младоженецот имал 86 години, а невестата само 26.

Foto: Getty

Сопственикот на „Плејбој“ својата избраничка ја запроси на Божиќ во 2010 година. Хефнер се огласи на твитер и запросувањето го опиша како “најубавиот божиќен викенд на кој се сеќава“.

Датум на објава: четврток, 28 септември 2017 во 16:52
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар