Нејзиниот личен примерот од сценариото за филмот „Појадок кај Тифани“ продаден е наддавање на аукциската куќа Кристи за 846.000 долари, седум пати повеќе од проценетата вредност.

Ракавицата од Тифани, подарокот од режисерот Стивен Спилберг, на која е изгравирано “ти си мојата инспирација“ продадена е за 332.000 долари.

Црниот коктел фустан од сатен на модната куќа Живанши кој актерката го носела на снимањето на филмот „Шарада“ од 1963 година продаден е за 68.000 долари, додека нејзиниот мантил исто така е продаден за повеќе од 60.000 долари.

Маската за спиење од сатен, проценета на 150 долари, достигнала цена од 6.250 долари.

Семејството на Одри Хепберн се одлучи на аукција да ги продаде фустаните, филмските сценарија и другите лични предмети кои се наоѓаа на таванот на нејзината куќа во Швајцарија.

На аукцијата беа понудени бројни предмети, меѓу кои и црн лакиран куфер кој го носела во Лондон 1948 година, кога се пријавила за балетска стипендија, пред да стане една од најпознатите актерки во светот.

Датум на објава: четврток, 28 септември 2017 во 14:16
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар