Тој ги пријавил заканите во полиција и побарал проценка на неговата безбедност.

- Повеќе од 20 пораки кои ги добив преку Фејсбук се сериозни закани. Другите се само лоши коментари. Постои извесен страв, што е природно, бидејќи ми се закануваат со смрт! - вели тој за локалните медиуми.

Цимбаљевиќ побарал од полицијата да направи безбедносна проценка за уште тројца учесници на геј парадата.

Инаку, првата геј парада во Будва заврши неславно - жесток судир на полицијата со противниците на парадата што резултираше со повредени, 22 приведени и евакуација на 40тината учесници на парадата со бродови!

Датум на објава: петок, 26 јули 2013 во 10:03
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар