Како што соопшти Кабинетот на Џафери, на средбата била поздравена успешната соработка меѓу припадниците на АРМ и Министерството за одбрана на Република Македонија и Националната гарда на Вермонт, која се одвива преку Партнерската програма од 1993 година и на која учествувале над 4.500 припадници на МО и АРМ во обуки за исполнување на НАТО стандардите.

Како особено успешна беше оценета мисијата „Феникс10“ во Авганистан во 2010 година, каде припадниците на АРМ како дел од наменските сили извршуваа најсложени задачи рамо до рамо со американските партнери и беа оценети со највисоки оценки.

Џафери ги информирал гостите и за моменталната состојба и тековните активности на Собранието, а се осврнал и на едногласната поддршка на пратениците за Одлуките за распоредување војници во Мировните мисии на НАТО и високата поддршка на јавноста за членството на Македонија во НАТО и ЕУ.
Претседателот на Собранието искажал надеж дека 2018 година ќе биде година на позитивни настани во Република Македонија, меѓу кои и полноправно членство во НАТО.

Според соопштението, генерал-мајорот Креј истакнал дека Република Македонија е тесно поврзана со НАТО и има целосна и силна поддршка од САД на нејзиниот пат кон полноправно членство во Алијансата.

Соговорниците, како што стои, размениле мислења за поголемиот број планирани активности во сферата на одбраната за 2018 година и изразиле надеж дека извонредната билатерална соработка, која е пример за соработка меѓу пријателските земји, кои се и стратешки партнери, ќе продолжи и во иднина. 

Датум на објава: четврток, 14 септември 2017 во 13:57
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар