Како што соопшти МВР, вчера околу 19:45 часот на ул. „Ѓорче Петров“ во Скопје, во автобус бр.56 на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), кој сообраќа на линијата кон село Бојане, бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу патници во автобусот.

По интервенција на полициски службеници, во полициска станица бил приведен Р.Р. (20) од село Арнакија, кај кого бил пронајден нож.
Во тепачката бил повреден С.Ф. (18), кој имал расекотина на раката. Била повикана Итна медицинска помош, која по укажување на лекарска помош го пуштила лицето на домашно лекување.

Полициска станица Ѓорче Петров презема мерки за целосно расчистување на настанот. 

Датум на објава: четврток, 14 септември 2017 во 12:32
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар