Во периодот од 9 до 11:30 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата „Лондонска“ во близина на објектот со број 4а, од 8:30 до 10:30 часот објектите со броевите 40, 38, 36, 34, и 32 од улицата „Дрезденска“, а од 8:30 до 11 часот дел од улицата „Пандил Кљашев“ во општина Карпош.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето закажани технички зафати од страна на екипи на ЕВН Македонија АД. /МИА

коментари

остави коментар