Владата на Заев за само 100 дена расипнички потроши над 350 милиони евра преку задолжување и повлекување на девизните резерви. Со овие пари можеше да изгради околу 41 вакви магистрални патишта.

СДС не само што не изгради ниту еден магистрален пат, туку и парите на граѓаните ги потроши на луксузирање на неговите партиски војници. Доколку ВМРО-ДПМНЕ беше на власт ќе продолжеше да ги спроведува и да ги реализира проектите од кои граѓаните ќе имаа голема придобивка. Ќе се продолжеше да се инвестира во подобрување на македонскиот здравствен систем, ќе се продолжеше да се инвестира и во образованието, во инфраструктурата, во носење на странски инвестиции се со цел отворање на поголем број работни места.

Неспособната и алчна Влада на Зоран Заев ќе биде казнета и поразена на 15-ти октомври.

Датум на објава: четврток, 14 септември 2017 во 09:53
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар