Стивен Креј, кој до 17 септември во Македонија ја предводи воената делегација на Националната гарда на Вермонт,  денеска ќе има средба и со претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, како и со членовите од собраниската Комисија за одбрана и безбедност.

Делегацијата предводена од Креј вчера имаше средба со началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски и со министерката за одбрана  Радмила Шекеринска. /МИА

коментари

остави коментар