Утринската температура ќе се движи од шест  до 15, а дневната од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен југозападен ветер. Температурата ќе се движи  од  12 до 32 степена.

Следува период на сончево време со свежи утра и со постепен пораст на дневната температура, така што за време на викендот температурните максимуми насекаде ќе бидат над просекот за овој период од годината. Во понеделник ќе има зголемување на облачноста, а локален дожд и позначително опаѓање на температурата ќе има од вторник./МИА

коментари

остави коментар