- Не може да се наметне одлука под притисок и закана, а кога 50 пратеници излегувате овде и ја правите истата грешка, тогаш тоа значи дека е насилно. Под уцена ни сега, ни утре, ни никогаш нема да прифатам донесување одлука. На ваков начин кога може да се слушаме јас ќе прифатам, поради тоа што јавно се договараме во моментов, рече Џафери.

Но во пладневниот дел на седницата пратениците на опозицијата жестоко реагираа откако нивниот предлог законот за јазици да се симне од дневниот ред и  за него да има јавна распава не беше прифатен. Побараа пауза.

Законот за јазици обвинува опозицијата се носи со кршење на процедурите и Уставот, тој ќе ја направи Македонија двојазична и ќе ја федерализира.  Повлечете  го побара опозицијата.

Власта денеска не учествуваше во дебатата. Го изгласаа дневниот ред со 49 гласови за еден против и ниту еден воздржан со прва точка за распишување на оглас за нов член на ДИК, Втора законот за јазиците. 


Датум на објава: среда, 13 септември 2017 во 18:09
Весна Велкова Тодоровска

коментари

остави коментар