Тоа е резултат на нашиот долгогодишен принцип за заеднички пристап кон лоцирање и решавање на потребите на граѓаните во единиците на локалната самоуправа.
Тоа е белегот на нашата работа. Истовремено граѓаните во овие 100 дена можеа да се уверат во целокупната лицемерност и неспособност на Социјал-демократскиот сојуз и господинот Зоран Заев. За овие 100 дена граѓаните ја видоа катастрофалната пракса на Зоран Заев од работењето во Струмица, изобилува со непотизам и матни зделки кои се пресликуваат и на централно ниво. Граѓаните не сакаат тоа да го видат во својата општина и затоа убедливо ќе ја казнат штетната, противправна и деструктивна политика на Социјал-демократскиот сојуз.

ВМРО-ДПМНЕ оттука ја нуди целата своја кадровска и програмска понуда пред граѓаните. Затоа со задоволство ќе ја известам јавноста дека Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на Извршниот комитет му ги предложи следните кандидати за градоначалници:
За Град Скопје, актуелниот и досега најуспешниот градоначалник господинот Коце Трајановски. Неговите успеси и работа се видливи насекаде низ градот Скопје. Благодарение на посветената работа на господинот Коце Трајановски и тимот околу него се изградија и проширија редица булевари и улици, се подигнаа нови зелени појаси, паркови и велосипедски патеки. Се изградија две катни гаражи и дополнително се обезбедија нови паркинг места. Изградена и реконструирана водоводна мрежа од прилика 81.793 метри. Се изградија нови плоштади, а се изградија и реконструираа и детски градинки и училишта. Овие и уште стотина други проекти кои господинот Коце Трајановски ги направи во својот мандат придонесоа градот Скопје да прерасне во вистинска метропола која сега е поставена на мапата на туристички дестинации и која годишно е посетена од страна на десетици илјади странски туристи.
За општина Росоман, актуелниот градоначалник господинот Стојанче Лазов, потврден кадар кој изминатите години ја потврди поддршката на граѓаните со големиот број реализирани дела и проекти.

За општина Гази Баба, актуелниот градоначалник господинот Тони Трајковски, кој зад себе има дела, изградени се преку 82 патишта со должина од  околу 98км, изградени се 11 км водоводна мрежа, изградени и реконструирани училишта, градинки, спортски сали и низа други комунални и инфраструктурни проекти за граѓаните на општина Гази Баба.

За општина Дебар, го предлагаме докторот господинот Драган Клопчески, лекар во здравствениот дом во Дебар, угледен и почитуван граѓанин од страна на сите жители на општина Дебар без разлика на нивната етничка, верска и политичка припадност.

Овие кандидати како и досега промовираните кандидати се потврда на нашиот приоритет и понатаму да работиме посветено на континуираниот развој на општините и квалитетот на живеење на граѓаните. Тие ќе бидат тимот кој ќе продолжи да гради нови улици, училишта, градинки, локални патишта, да ја подобрува комуналната услуга, да изгради нова инфраструктура и пред се да биде подобар сервис за потребите и барањата на граѓаните.
Граѓаните ги гледаат делата и врз основа на нив мудро ја даваат својата поддршка. Овие избори покрај тоа што ќе бидат избори на локалната власт истовремено ќе бидат и казна за штетната и погубна политика која Социјал-демократскиот сојуз ја почна и ја спроведува во овие сто дена, а која јасно покаже дека ја води државата во погрешен и погубен правец. Поради катастрофата која ја прави Социјал-демократскиот сојуз општините добиваат 8% помалку од средствата од ДДВ, поради катастрофата во економијата која ја прави Социјал-демократскиот сојуз се намалува просечната плата, а трошоците за живот и цените растат, поради катастрофата во економијата која ја прави Социјал-демократскиот сојуз паѓа индустриското производство, а бизнисите на господата Заеви и на Анѓушев растат. Граѓаните ќе застанат на патот на оваа катастрофа уште сега на овие локални избори и со тоа ќе навестат пад на оваа штетна влада на Социјал-демократскиот сојуз на следните брзи предвремени парламентарни избори.

Датум на објава: среда, 13 септември 2017 во 16:35
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар