Македонското научно друштво од Битола ќе организира Mеѓународна научна конференција со наслов „Образованието на крстопат – состојби, предизвици, решенија и перспективи“. Низ експертизата на битолскиот, скопскиот и штипскиот универзитет, како и МАНУ, во соработка со универзитетите од Белград и Марибор целта е да се понудат практички решенија на полето на образованието кои следат по претходно направени анализи.


Предмет на анализа ќе бидат предучилишното воспитание, одделенската настава, стручното и високото образование во услови на промени, образовните реформи, како и односот помеѓу образовните институции и локалната заедница.


Конференцијата ќе се одржи во Битола на 10 ноември, Светскиот ден на науката.

Датум на објава: среда, 13 септември 2017 во 14:58
Анета Шијакова
Обновено во: 15:02

коментари

остави коментар