- Не може да се наметне одлука под притисок и закана, а кога 50 пратеници излегувате овде и ја правите истата грешка, тогаш тоа значи дека е насилно. Под уцена ни сега, ни утре, ни никогаш нема да прифатам донесување одлука. На ваков начин кога може да се слушаме јас ќе прифатам, поради тоа што јавно се договараме во моментов, рече Џафери.

Додаде дека кога на 27 април бил избран за претседател на Собранието, укажал и сега јавно повторува оти ова „или ќе биде Собрание или нема да го има, не буквално, физички, туку функционално и инстуционално“.

Расправијата настана кога пратеникот Димовски побара пауза, со цел, како што рече, пратениците од мнозинството и Џафери да можат да размислат и да ги отстранат процедуралните грешки, а претседателот на Собранието не дозволи, со образложение дека барањето е дадено по истекот на времето за процедурална забелешка. По ова, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пријдоа до Џафери, посочувајќи му дека повторно ги крши процедурите и не го ги почитува правата на пратениците, односно координаторите кои имаат право да побараат пауза, не дозволувајќи му да продолжи со седницата.
Додека Димовски бараше Џафери да даде пауза која како координатор на пратеничка група рече дека има право да ја побара, а пред да му се приклучат неговите сопартијци, Џафери го стави дневниот ред на гласање кој беше усвоен со 49 гласови за, без воздржани и еден против. Во Собранието, рече Џафери, во моментот на гласањето имало повеќе од 61 пратеник, доволно да биде валидно.

Потоа тој побара пратениците да седнат на своите места за да може да се договорат, и даде пауза.

Претходно, Димовски побара законот за употреба на јазиците да биде повлечен, со образложение дека со него се кршат повеќе одредби од собрансискиот Деловник во однос на тоа која е надлежна матична комисија, во врска со поставувањето на европско знаме, иако нема регулатива на ЕУ со која се усогласува, како и дека преложениот закон не е усогласен со делевникот, поради што, како што рече, Џафери треба од Владата да побара усогласување во рок од 15 денови, а во спротивно ќе се смета дека не е поднесен.

Претходно, веќе имаше едночасовна пауза и две барања за отстранување на точката од дневниот ред кои не беа прифатени од мнозинството. 

Датум на објава: среда, 13 септември 2017 во 14:32
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар