Алексовска е суспендирана, а донесена е и одлука за дисциплинска постапка, која ќе продолжи по локалните избори, вели Јовановска. На поранешната раководителка и се заканува и кривична пријава.

-Суспендираниот раководител на Центар за вработување на град Скопје од буџетот на АВРМ во 2016 има потрошено 429. 597, 00 денари (7 000 евра) и за првата половина од 2017 година 116. 625,00 денари околу 2 000 евра за свои лични и семејни потреби од маркети, молови, аптеки и слично, изјави Јовановска.

Алексовска се возела и со службени возила за време на викендите, слободните денови како и за време на нејзиниот годишен одмор, што е спротивно на Правилникот за користење службени возила, вели Јовановска. Од буџетот на Агенцијата, Алексовска во доцните вечерни часови и за време на викендите си плаќала угостителски услуги, обвинува директорката.

-Истата, спротивно на Правилникот за користење на службени возила надвор од работното време, после 16:30 часот, и тоа за време на викенди, за време на користење слободни денови и при користење на годишен одмор. Од буџетот на АВРМ трошела средства за патарини и паркинг услуги надвор од работното време во неработни денови и во доцни вечерни часови, вели Билјана Јовановска, директор на Агенција за вработување.

Јовановска уверува - нема да го следи примерот на нејзината претходничка. Ќе работела отчетно и транспарентно.

Датум на објава: среда, 13 септември 2017 во 14:24
Катерина Капкоска
Обновено во: 15:17

коментари

остави коментар