Деталниот извештај кој го подготви новото раководство на компанијата ја натера владата детално да ја проучи затекнатата состојба на ЕЛЕМ заклучно со 1 август оваа година.

Постои опасност од недостиг на струја – со решавање на проблемите
Што може да доведе до недостиг на струја.

Континуираниот пад на производството на електрична енергија, прекумерната вработеност и екстра трошоци за разни услуги се само дел од работите опфатени во анализата за работењето на компанијата. За околу 5500 вработени лица и хонорарци во 2016 година биле искеширани 56,8 милиони евра. За услугите на адвокатски канцеларии во земјата и странство, трошоците за три години изнесуваат 2,5 милиони евра.

Владата ја алармираше компанијата да излезе со предлог решенија за оваа ситуација - препорача да се стават во употреба сите капацитети со кои ќе се зголеми производството на електрична енергија.

Од ЕЛЕМ информираат дека ваквите препораки на владата се должат на нивниот пресек направен за работата на претходното раководство заклучно со 1 август, а за сите мерки кои треба да се преземат, од институцијата ќе излезат со подетални информации во наредните денови.

Датум на објава: среда, 13 септември 2017 во 14:21
Тамара Стојкова
Обновено во: 15:03

коментари

остави коментар