Врховниот суд на сад издаде привремена наредба со која администрацијата на претседателот Доналд Трамп, може да ја задржи рестриктивната политика спрема бегалците, додека судот ги разгледува аргументите за забраната за патување.

Администрацијата на Трамп во понеделникот упати вонредна жалба до врховниот суд, барајќи да остане на сила претходната пресуда на апелациониот суд, со која  беше вратена привремената забрана од 120 дена за влез во сад на речиси сите бегалци.

Датум на објава: среда, 13 септември 2017 во 13:39
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар