Најголемата забавна манифестација на македонскиот Исток ќе се одржи овој викенд во Штип. На 36 штандови, исто толку угостители од градот, пред гостите и нивните домаќини, ќе го престават најбараниот бренд и специјалитет на Штип, Пастрмајлијата.

11 издание на Пастрмајлијадата, покрај вкусната пастрмајлија и доброто вино, на посетителите ќе им пружи одлична забава со ѕвездите на забавната и народна музика од  Македонија и државите од Балканот.

Колкав е интересот за она што ќе се случува викендов во Штип, говори податокот, дека за овие поминати десет години, над еден милион посетители од земјата изедени се над половина милион пастрмајлии од над еден милион посетители од земјата, соседните балкански држави и пошироко. Забавата почнува во петок навечер,а завршува во недела.

- Официјалниот почеток на Пастрмајлијадата е во петок во 19 часот со преставување на традиционалната џиновска пастрмајлија. Час подоцна, музичкиот дел го стартува македонската фолк ѕвезда Сузана Спасовска и Академци.

Потем посетителите ќе ги забавува нишкиот рок бенд Галија и Кики Мор.

Во сабота забавата продолжува со „Есма,с бенд“, потем на сцена ќе свират рокерите од „Дивље Јагоде“,а ѕвезда на вечерта е „Лепа Брена“.
В недела, посетителите ќе ги забавува бендот „Тоа е Тоа“. По нив на посетителите на Пастрмајлијадата ќе им пее српската фолк звезда Тања Савик, а овогодинешната Пастрмајлијада ја затвора концертот на хрватската музичка ѕвезда Јелена Розга, информира Драган Ристов – портпарол во О. Штип .

Датум на објава: среда, 13 септември 2017 во 12:32
Дејан Ефремов
Обновено во: 15:34

коментари

остави коментар