Ова синоќа го изјави  српската актерка Тања Бошковиќ која ја доби единствената награда за врвни достигнувања и се закити со титулата Лауреат на јубилејниот 25 ти ФКТ,,Ристо Шишков,, во Струмица.

- Многу ми значи наградата, многу сум возбудена и почестена. Знам дека не ја заслужив, но ќе се трудам до крајот на животот да го чувам споменот на големиот актер, на човекот кој се бореше за достоинство на глумата и тоа е голема обврска. Ние може зборуваме на слични јазици, но постои дух кој секаде е ист, и на Гренланд и на Алјаска, секаде актерите се актери, рече  Тања Бошковиќ  актерка

Меѓу четирите наградени машки улоги на меѓународниот фестивал, синоќа награда за машка улога доби и струмичанецот Кољо Черкезов за улога во претставата ,,Џон Габриел Боркман,,.Черкезов вели дека се она кое се работи со срце и љубов е секогаш препознаено и наградено.

Асоцијацијата НЕТА на овогодинешниот фестивал додели повеќе награда и во различни категории меѓу кои за најдобра претстава,,Да го поздравиш и да ми го бациш...,, во продукција на Артопија од Скопје.


Датум на објава: среда, 13 септември 2017 во 12:00
Стојне Митева
Обновено во: 15:15

коментари

остави коментар