Секако главна причина за финансискиот колапс на големата ѕвезда е неговиот стил на живот, да троши повеќе од што заработува.

Имено, Деп веќе продал четири од петте стана во Лос Анџелес и три во Њујорк и тоа по многу пониска цена од реалната.

Од продажбата на становите медиумите шпекулираат дека Џони Деп заработил „само“ 120 милиони долари и сега славниот актер се обидува да ја продаде и фармата за коњи во Кентаки, но веќе девет месеци не може да пронајде купец за неа.

Фармата има две штали со 15 боксови. Главна куќа со седум спални соби, куќа за гости и гаража за четири автомобили.

Џони Деп во времето кога имаше многу пари живееше не мислејќи за утре, трошејќи и по два милиони долари месечно. Ѕвездата на „Пиратите од Кариби“ во еден момент имал 14 живеалишта, луксузна јахта, а само на вино месечно знаел да потроши и по 30 000 долари. 

Датум на објава: среда, 13 септември 2017 во 11:10
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар