Убиството го извршил со нож за картони , со кој што му го пресекол грлото . Телото било пронајдено во близина на гробишта , чии капии секој ден градоначалникот ги отворал и навечер ги затворал .

Убиството на  71- годишниот градоначалник ја потресе Белгиската јавност. 18- годишното момче , според полицијата , само се предало , го признало убиството и не давало отпор.

Засега официјално не се соопштува мотивот за убиството . Според медиумите најверојатно станува збор за одмазда , бидејќи таткото на момчето , кој работел како службеник во општината , добил отказ пред две години , по што се самоубил .

Градоначалникот Гаден бил многу популарен во Белгија , каде во градот Мускрон со 58 000 жители беше отворена и книга на жалост. По повод убиството , се огласи и премиерот на Белгија Шарл Мишел .

Датум на објава: вторник, 12 септември 2017 во 19:09
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар