Според Ројтерс, масакрот се случил во природното живеалиште на племето, по што нивните тела биле искасапени и фрлени во река. Бразилското обвинителство веќе покренало истрага за настанот, што се случил во долината Јавари, втор најголем домороден резерват во Бразил.

Меѓу убиените имало и жени и деца, а информацијата произлегла од самите ловци на злато кои за злосторствата се пофалиле во ноќен клуб. Ако истрагата ги потврди извештаите, тоа ќе биде уште еден геноциден масакр, кој е директна последица на неуспехот на бразилската влада да ги заштити изолираните племиња, обвинија активистите за човекови права.


Датум на објава: вторник, 12 септември 2017 во 14:31
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар