Кина, работи на планот да го забрани производството и продажбата на возила кои за погон користат фосилни горива. Покрај кинескиот и пазарот во Индија, Франција, Британија и Норвешка сакаат чисти возила.

Во Германија, е прашање на време кога земјата која создаде современ автомобил, ќе постави нови правила.

Во Британија и Франција  забраната за  продажбата на нови бензински и дизел мотори почнува од 2040 година. По овој  датум, на произведувачите на автомобили ќе им биде дозволено само да продаваат автомобили кои работат на електричен погон.

Во Индија забраната ќе се применува 10 години порано а во Норвешка од 2025 година. Во оваа  земја околу 40% од сите возила продадени во земјата минатата година биле електрични или хибридни возила.



Датум на објава: вторник, 12 септември 2017 во 10:22
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар