Ураганот попладнево го зафати градот Тампа и продолжи да се движи кон Џорџија. Претходно го зафати Мајами, чии делови се целосно под вода. Ураганот однесе најмалку пет жртви, а без струја остави три и пол милиони луѓе.

- Можеби имавме малку среќа што ураганот излезе од оригиналната линија на движење и сврте западно долж брегот на Флорида. Ирма, можеби, не беше така деструктивна како што првично очекувавме, но тоа ќе биде појасно во наредните неколку часа. Сега мислиме само на животите на луѓето, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Властите во Флорида се борат на неколку фронта, вклучително и со масовните кражби. Оваа видео снимка е направена токму во моментот кога Флорида наликувала на град на духови. За други, пак ураганот беше добар повод за игра со судбината. Овој ентузијаст одлучи да му се спротивстави на феноменот и успеа да преживее. Ирма претходно на Карибите направи вистински пустош. На дел од островите, каде што загинаа 30 луѓе, според проценките, ќе им требаат месеци за да се вратат во нормала.

- Само чекаме, но не знаеме до кога. Немаме ниту храна, ниту вода, ниту струја, жителка на Сент Мартин.

- Видов огромна катастрофа, каква Сент Мартин никогаш не видел. Интензивно го чистиме островот, што очигледно ќе потрае со месеци или можеби со години, жител на Сент Мартин.

Од македонското министерство за надворешни работи синоќа соопштија дека се во постојана комуникација со македонската амбасада во Вашингтон и дека досега нема информации за загинати или повредени македонски државјани. 

Датум на објава: понеделник, 11 септември 2017 во 13:57
Гоце Герасимовски
Обновено во: 14:42

коментари

остави коментар