Во налетот на ураганот во Флорида загинаа три лица, откако претходно однесе најмалку 27 животи на Карибите.

Повеќе од три милиони домови се без струја, а делови од Мајами се под вода.

Претходно беше наредена евакуација на околу 6,3 милиони луѓе на Флорида со предупредување за бранови „опасни по живот“. Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД имале среќа затоа што ураганот излегол од оригиналната линија на движење и свртел западно долж брегот на Флорида..
Тој нареди да се обезбеди федерална помош на оваа сојузна држава и официјално објави состојба на катастрофа.

Брзината на ветровите на Ирма во моментов е околу 85 километри на час. Рекордната брзина со која удри на Флорида беше 220 километри на час.

Датум на објава: понеделник, 11 септември 2017 во 10:09
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар