- И понатаму е многу болно. Многу боли, рекла кандидатката на демократите за изборите во 2016 година во интервју за Си-Би-Ес, во првото од низата појавувања по повод претставување на книгата „Што се случи“.

- Готова сум со тоа да бидам кандидат. Како активен политичар, готово е, додала таа, пренесе АФП.

Во својата нова книга, Хилари Клинтон го опишува поразот кој го претрпе од Доналд Трамп на американските претседателски избори во 2016 година, ги признава личните грешки и ја брани својата стратегија во кампањата.

Клинтон не ги штедела критиките кон Трамп, но изнела и неколку фактори кој придонеле за нејзиниот пораз, како што е наводното мешање на Русија во претседателските избори, обвинувањата на поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми во врска со спорните мејлови, борбата за внатрепартискиот избор со Берни Сандерс, а го споменала дури и својот пол, пишува АП.



коментари

остави коментар