Изминативе две вечери, голем број на лица се забавуваа со одлична музичка програма на Боемската улица во Дебар Маало, каде и овој викенд помина во знакот на домашните изведувачи.
Вчеравечер за одличната забава се погрижија Нино Величковски и Тамбураши, Љубојна и Џамбо Агушев Оркестар.

Во петок на Боемската улица скопјани се забавуваа со настапите на Влатко Илиевски, како и етно составите Фолтин и Синтезис.

Со ова заврши големата летна забава „Супер Скопје“, која траеше изминативе 4 викенди на различни локации во Скопје. За потсетување, во рамките на „Супер Скопје“, жителите и посетителите на Скопје, имаа можност 4 викенди да се забавуваат со настапите на голем број на изведувачи, каде:

Иницијативата за „Супер Скопје“ произлезе како предлог од сопствениците и менаџерите на угостителските објекти, а истата беше во насока на подобрување на состојбата со забавниот живот и понуда во Скопје.

Датум на објава: недела, 10 септември 2017 во 10:39
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар