29 – годишната Рејчел Доран исчезнала со парите , кои ги зела од својот 27 годишен вереник Крис Макоун лажејќи го дека организирала четиридневна свадбена забава на островот Ибица.

Но , кога младоженецот пристигнал на аеродромот за да полета кон Шпанија , открил дека е измамен .

Не постоеле такви резервации , а не слушнале ниту во хотелот  на  Ибица дека постои таков настан, ниту пак имало пријавено венчавање .

Невестата , работничка во фабрика , избегала од својот дом во местото Вајтхафен во непознат правец , а нејзините родители се срамат да излезат надвор од дома.

Роднините претпоставуваат дека кражбата е одмазда на Рејчел за некоја грешка што ја направил нејзиниот вереник .

Пријателите на момчето кои платиле по 600 евра велат дека за да ги издвојат овие пари морале да штедат со месеци . ,,Ние заработуваме по 200 фунти неделно . Ова е скандалозно “ .
Младоженецот кој работи во нуклеарна централа им напишал извинување на пријателите на фејсбук ,, Не можам да се извинам доволно “ .

Двајцата млади биле заедно три години и наводно планирале да се венчаат за Божик.
 

Датум на објава: сабота, 09 септември 2017 во 18:55
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 20:49

коментари

остави коментар