Во гробот се пронајдени неколку мумии. Се претпоставува дека во него е закопано телото на кралскиот златар , на жена му и двете деца. 

Гробот на Аменемат датира од периодот меѓу 16 . и 11 . век п.н.е. во времето на Новото Кралство , објаснуваат египтолозите.

Тие пронашле и погребни статуи и маски.

Жената , според направените анализи , починала на возраст од околу 50 години од бактериска инфекција на коските . Особено интересно откритие се 150 мали погребни статуи изработени од дрво , глина и варовник . 

Гробот е откриен на западниот брег на реката Нил , на локација каде и претходно биле откриени гробови ан благородници и високи службеници на поранешен Египет .

Министерот за антиквитети на Египет , Калед ел Анани , признава дека станува збор за скромно откритие , но сепак е добредојдено за да се вратат туристите во земјата . 

Датум на објава: сабота, 09 септември 2017 во 18:28
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар