Пораката напишана со чудни симболи и знаци , а која според преданието лично ѓаволот и ја диктирал на калуѓерката Марија Крочифиса дела Концесионе е дешифрирана со помош на науката . Калуѓерката била толку обземена од зборовите во пораката штом паѓала во транс .

Била користена ,,темната страна “ на алгоритамскиот систем , велат научниците од Лудум институтот на Сицилија.

Според директорот на институтот , Даниел Абате , писмото било споредено со грчкиот алфабет , арапската , латинската и рунската азбука .

,, Навистина ја откривме ѓаволската порака “ –  вели Абате.

Во писмото Господ , Исус и Светиот Дух се спомнуваат како мртов товар и дека човекот го измислил Господ. Научниците веруваат дека калуѓерката добро владеела неколку јазици , што и овозможило да го измисли кодот во кој ја пишувала пораката .

Откако е објавен преводот на писмото бројни сатанистички организации се јавувале со закани кон научниците .

Датум на објава: петок, 08 септември 2017 во 21:31
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар